Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После венчавката на Меган Маркл со принцот Хари и нејзиното влегување во лозата на британското кралско семејство, таа мораше да ги избрише своите приватни профили на социјалните мрежи. Но, ако кралското семејство сака да „заборави“, интернетот не заборава на жешките фотки од Меган кои и понатаму се присутни на интернет.
Секојдневно се појавуваат нови жешки фотографии од војвотката, а иако е сега дел од племството, нејзиното минато ја следи на секој чекор.
Најпознатата сцена од серијата “Suits” е сцената кога Рејчел Зејн која ја толкува Меган Маркл и нејзиниот партнер во серијата – Мајкл Рос, имаат секс, а оваа снимка завршила и на бројни порно страници.
Покрај секси сцените во “Suits”, во првата епизода од римејкот на култната серија “Beverly Hills 90210”, нејзиниот лик Венди пружа орален секс во автомобил. Во 2013 година Меган се фотографирала за списанието “Men’s Health”, а по тој повод излегло и видео од снимањето со наслов “Grilling Never Looked So Hot”.
Подоцна, на интернет се појавија сет фотографии на кои Меган позира само во долен дел од костим за капење, а во прв план се нејзините голи гради.
„Овие фотографии настанале неодамна, а Меган најверојатно му ги испраќала на Хари. Кралицата и целото семејство се срамат поради овој инцидент”, изјави извор близок на кралскиот пар додавајќи дека Хари веќе презел мерки со цел да го спречи понатамошното ширење на фотографиите.