Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Коментарот на бугарскиот премиер Бојко Борисов во врска со одбивањето да се сретне со македонскиот претседател Ѓорге Иванов кој беше во официјална посета на Бугарија гласеше: „Целото европско семејство дојде во Македонија, Вашингтон, вложивме сите многу во решавање на овој спор, а тој само две минути го прими премиеорт Заев и министерот Димитров.Тоа би било предавство ако се сретнев со македонскиот претседател со фанфари во Софија“.
Зоран Заев и Алексис Ципрас се исклучително храбри државници, и со овој гест сакам да покажам почит кон нив, објасни тој.
„Како ќе се вика Македонија и дали ќе се договорат со Грција, е работа само на македонскиот и грчкиот народ . Единствено што сакаме за Македонија, е влез во ЕУ, НАТО и поврзување меѓу нашите држави“, изјави во својот Фејсбук профил Борисов.
„На самитот во Софија апелирам и опозициските лидери, да не се искористат политички од оваа ситуација. На позадината на напорите кои сите европски лидери положија месеци и настаните од вчера оценија дека денес не е моментот да се соочам свечено македонскиот претседател“, додаде тој.
Премиерот објасни дека секогаш се однесувал со огромна почит кон претседателот Ѓорѓе Иванов , но проценил дека по вчерашните настани, денес не е време за таква средба. Борисов коментираше дека постојано ја давал својата целосна поддршка за решавање на спорот околу името на Македонија.
Според него, ако случајот со името на Македонија не се реши, тогаш тоа би го блокирало развојот на Балканот . „Нема неискористен регион од нашиот. Меѓутоа, кога станавме дел од Европската унија, БДП се крена и нашата земја радикално се промени. И го посакувам тоа и на Македонија”, рече премиерот.
Борисов ги нагласува напорите кои се дадени на Бугарија и Македонија за потпишување на Договорот за пријателство , добрососедство и соработка меѓу двете земји.
Според неговите зборови, генерации политичари во Бугарија сакале да го направат овој историски чекор, но тие не успеале. „Ако има промена во името, ќе дојдеме заедно, ќе ги донесеме потребните промени надополнувањња во во договорот и ќе ги донесеме за ратификација во парламентите”, објасни премиерот.
Да не правиме скандал што не ни треба, да преспиеме, да размислиме повторно , нека се состанат во Македонија и да одлучат што сакаат, рече Бојко Борисов.