Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Освен ако изминатава една година не сте ја поминале затворени во визба, без смартфон и интернет конекција, тогаш сигурно имате видено некоја од илјадниците верзии на „момчето меркач“, меме кое прикажува дечко кој се мерка друга девојка, држејќи ја својата девојка за рака.
Меѓутоа, иако ова меме настана од класична „stock“ фотографија, изгледа дека таа сцена не е така нова како што се мислеше.
Интернетот нема да биде тоа што е – непресушен извор на информации, ако најпосветените интернет корисници не ископаа сцена во која легендарниот актер и комичар Чарли Чаплин е во истата поза како дечкото на современото меме, а која потекнува од 1922 година и е сцена од филмот Pay Day.
I’m very sorry for this, but… pic.twitter.com/iewtkmUmkG
— Peter Goldberg (@peeto_g) June 11, 2018
Филмот ја раскажува приказната за типот кој напорно работи, но никако да му тргне во животот. Сè што ќе заработи како на магичен начин да исчезнува, особено кога ќе си појде дома каде што го чека неговата сопруга.
Во една од сцените од тој филм, Чаплин стои на улица и гледа во друга жена, додека неговата сопруга (без да знае тој) стои веднаш зад него. Токму овој кадар неодоливо потсетува на денес веројатно најпопуларното меме. А не требаше ни да помине долго време за самиот исечок од филмот со Чаплин да стане популарно меме.
Expect to have seen this picture (or some variant) everywhere by tomorrow.
Charlie Chaplin, OG meme creator. pic.twitter.com/ozPO7XI9VB
— Keith Lee (@associatesmind) June 11, 2018
— Taffin (@i124nk8) June 11, 2018
— Torville Redenbotter (@TravBot) June 11, 2018