Ибра ги кажа своите фаворити за Мундијалот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светското првенство во Русија ќе биде „посиромашно“ за големата фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, иако неговата Шведска избори пласман на Мундијалот.

Ибра, кој моментално настапува во ЛА Галакси го кажа своето мислење за фаворитите на Светското првенство кое започнува утре.

„Според мене Бразил, Шпанија, Германија и, се разбира, Шведска се фаворити за титулата. Исто така, Аргентина, иако тие самите не се сметаат за фаворити, но јасно е дека се. Жал ми е што на Светското првенство нема да биде тимот на САД, бидејќи ова е мојата нова земја, јас живеам тука задолжително ќе навивам за американскиот тим“, изјави Ибра.

На Светското првенство 2018, шведскиот тим ќе игра во групата А со тимовите на Германија, Мексико и Кореја.