Заев: Со новото име ќе има промена на сите документи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новото име кое е договорено со Грција, а за кое граѓаните ќе се изјаснат на есен на референдум, е Северна Македонија, информираше денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Новото име кое ќе биде ерга омнес или за севкупна употреба ќе значи промена на секој документ за Македонците, дури и факултетските дипломи.

Зоран Заев, македонскиот премиер денеска излезе со прес-конференција по договорот со Грција.

– Доаѓа подобро време за нас, ДА за иднината на Македонија. Шансата е тука и мора да се искористи, така е патриотски. Се осмеливме зошто не ни е сеедно и сакаме победа, а не пораз, вели тој.

Заев информираше дека има историско и вековно решение.

– Во нашите раце е клучот за подобар живот и перспектива и место во ЕУ, како и заштита на идентитетот и иднината, решаваме два ипол децениски спор. Со решението се јакне македонскиот идентитет, македонски народ, Македонец, Македонка, зајакнати засекогаш, вели премиерот.

Додава дека со договорот Македонија е своја на своето и има зајакнат идентитет. Додава дека нема веќе ФИРОМ.

– Република Северна Македонија со превод на сите јазици, за севкупна употреба. Се предвидува потврда на Македонскиот јазик во Обединети нации, а националноста македонска, вели тој.

Според Заев по ова нема да има пречки за членство во НАТО, откако Грција ќе испрати писмо со кое ќе препорача датум за членство и во ЕУ.

– Ова е вистинското решение, имаме историска можност за успех и сите детали се пред очите на јавноста, а гласот на граѓаните е конечен, па на есен ќе има референдм и граѓаните ќе одлучат за иднината, вели Заев.

Ги повика и претседателот Иванов и опозицијата да донесат силна одлука за македонската иднина.

За Заев ова е достоинствено решение со кое се оди напред кон ЕУ и НАТО, а последниот збор ќе го имаат граѓаните.

Фото: Независен