Светското првенство во плати: Бразилците лидери со 6,6 милиони евра, Панама најдолу


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англиски Daily Mail направи симулација по групи на репрезентациите кои ќе учествуваат на Светското фудбалско првенство во Русија според просечните годишни плати на 23-цата играчи кои се дел од репрезентативниот состав.

Најдобро платени се Бразилците чија просечна годишна плата изнесува 6,6 милиони евра, најниско рангирани се фудбалерите на Панама со просечна годишна плата од 170.000 евра.

Зад Бразилците се Шпанците (6,13 милиони), Французите и Белгијците (5,9 милиони), Аргентинците (5,68 милиони) и Германците (5,6 милиони).

Еве ја целосната статистика за плати, по групи, со суми изразени во евра.

Група A

1. Уругвај 2,800,000
2. Русија 1,600,000
3. Египет 966,000
4. Саудиска Арабија 760,000

Група Б

1. Шпанија 6,130,000
2. Португалија 4,180,000
3. Мароко 1,250,000
4. Иран 410,000

Група Ц

1. Франција 5,900,000
2. Данска 1,360,000
3. Австралија 740,000
4. Перу 640,000

Група Д

1. Аргентина 5,680,000
2. Хрватска 3,000,000
3. Нигерија 1,500,000
4. Исланд 840,000

Група E

1. Бразил 6,600,000
2. Србија 1,840,000
3. Швајцарија 1,820,000
4. Костарика 716,000

Група Ф

1. Германија 5,600,000
2. Мексико 1,820,000
3. Шведска 1,500,000
4. Јужна Кореја 730,000

Група Г

1. Белгија 5,900,000
2. Англија 4,800,000
3. Тунис 500,000
4. Панама 170,000

Група Х

1. Колумбија 2,160,000
2. Полска 1,930,000
3. Сенегал 1,820,000
4. Јапонија 1,150,000