Денес ново „ало“ меѓу Заев и Ципрас


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес треба да биде остварен уште еден телефонски разговор помеѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кој е дел од процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа 60 минути.

“За време на разговорот вчера се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. “, се вели во соопштението на Владата.

Заев вчера за Телма изјави дека е оптимист оти денеска ќе се постигне договор за спорот со името, но не откри повеќе детали поради како што рече принципиелниот однос кон другата страна.