Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер и Рома постигнале договор за трансфер на играчот за врска Раџа Наинголан.
Наинголан беше најголема желба на Интер, кој според медиумите веќе постигнал договор со Рома.
Имено, „нероаѕурите“ за Белгиецот ќе платат 29 милиони евра, плус 19-годишниот Никола Заниоло, кој играше во младинскиот тим.
Заниоло важи за еден од најталентираните фудбалери на Апенините, но Интер се откажува од него за да дојде до потписот на Наинголан.
Популарниот „нинџа“ ќе потпише четиригодишен договор со Интер и ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Тој имаше богата понуда од Кина, но преферираше преселба во Милано, каде повторно ќе сорабтува со Лучијано Спалети.