Приватно: Заев и Димитров „заедно го бараа патот“ во Струмица


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако во грчките, српските и дел од нашите медиуми се рашири муабетот дека премиерот Зоран Заев и Министерот за надворешни работи Никола Димитров ги замрсиле односите поради нивните наводно различни позиции и ставови за спорот за името, како и дека Димитров „му игра зад грб“ на премиерот, тие двајца на модерен начин ги негираа таквите тврдења.

Заев и Димитров на своите Фејсбук профили објавија фотографии од нивната приватна дружба викендов во Струмица, заедно со нивните сопруги. Имале приватен семеен ручек, Заев и Никола возеле и квадрицикли и така го поминувале времето.

Димитров напиша „Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно“!

Заев напишна само „На иста линија“ и ги закачи фотките од заедничкото попладне на премиеорот и министерот.

Претходно и официјално портпаролот на македонската влада Миле Бошњаковски ги демантораше шпекулациите за разединетост во преговарачкиот тим и Владата на Заев.