Гола на тераса докажа дека „луѓето целосно живеат во виртуелниот свет“ (18+)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младата загрепска новинарка Ивана Хуњак неодамна, на балконот од својот кираџиски стан, излезе целосно гола, без ниту едно парче облека врз неа, во рамки на нејзиниот мал експеримент со кој сакаше да види која е разликата помеѓу стварниот и виртуелниот свет во главите на Хрватите.

„Искрено, на самата идеја дојдов сосема случајно. Неколку години користејќи ги поволностите кои ни ги донесе достапноста на интернетот и наглиот развој на социјалните мрежи, забележав дека некои од моите познаници од ’стварниот‘ свет изгледаат сосема кога ќе ги отворите нивните виртуелни профили. Почнав да размислувам за тоа колку претставата на една личност во светот на кецовите и нулите е одраз на она што навистина се случува, а колку на она што би сакале да го прикажат. Забележав дека луѓето сè повеќе бегаат во имагинарниот свет, во поголема или помала мерка губејќи врска со реалноста. Сакав да проверам во колкава мерка станавме изгубени“, вели Ивана за хрватски „Индекс“.

Она што е фрапантно е дека нејзините соседи немале некакви посебни реакции на нејзината разголена појава, но затоа екипата од социјалните мрежи, каде Ивана ја објави фотката, ја надополни таа комшиска „резигнација“.

„Во живо немаше некои посебни реакции, или барем јас не забележав такви, но затоа на социјалните мрежи настана хаос. Настана вистинска лудница само неколку секунди откако ја објавив фотографијата. Пиштеа известувањата за пораки, коментари, реакции“, објаснува Ивана.

Откри дека планира уште вакви експерименти.