ЗАМИСЛЕТЕ: Неверството има позитивно влијание на изневерената личност…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Експертите од Универзитетот во Бингамтон и Лондон спроведоа ново истражување на тема љубовни односи кои ги донесе до интересни резултати.

Поточно, истражувачите се обидоа да утврдат какви долгорочни последици неверството остава на изневерената и оставена жена.

По анкетата спроведена на 5.705 испитаници од 96 земји, се испостави дека долгорочните последици се всушност позитивни.

По почетниот период на тага и чувство на издавање, жената од ова искуство излегува со поголема љубовна интелегенција, која и овозможува кај идниот партнер веднаш да ги препознае негативните вредности. Долгорочно гледано, изневерената жена победува, истакна авторот на истражувањето, Крејг Морис во извештајот за медиумите.

По неверството поголемиот дел од жените стануваат сигурни во себе, знаат што бараат, брзо го прекинуваат односот кој не ги задоволува, веднаш го препознаваат потенцијалниот неверник, општо стануваат посилни психолошки на сите полиња и полесно донесуваат одлуки добри за нив.

Што се случува со неверниците и нивните нови партнери?

Друго истражување покажа дека врските кои почнуваат како однос на неверство во поголемиот дел случаи сепак не траат, бидејќи нивниот темел начесто е краткотрајна страст, а не вистинска емоција која е потребна за успешна и долготрајна љубов.