Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веста за бурната матурска забава во копривничкиот хотел Подравина ги обиколи балканските медиуми, а сега е објавено и видео од моментот кога ученикот го нокаутираше професорот во инцидентот.
„Професорот се опи и почна да ја соблекува маицата. Веќе неколку пати падна пред инцидентот поради дејството на алкохолот. Учениците почнаа да го снимаат, а него тоа го разлути и турна еден од учениците. Ученикот кој беше турнат реши да му возврати во побрутална мера на професорот, па му зададе удар во лицето. Тоа се случуваше во салата каде што беше прославата. Потоа учениците меѓусебно се степаа надвор, професорот крвав седеше на клупа и чекаше брза помош. Одвај се одржуваше во свест, со оглед на тоа колку беше пијан“, изјави еден од очевидците на инцидентот.