Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сексот може да го имате во било која доба на денот и ноќта. Некој сака наутро, а некој навечер. Меѓутоа, утринскиот секс има многу предности. Зар не би било добро со секс да го започнете денот?
Еве седум добри причини да имате секс наутро:
Ќе се разбудите
Утринскиот секс е одличен за будење. Во суштина момците го преферираат, бидејќи наутро се најодморни.
Ќе ви го поправи цел ден
Ќе ви го разубави и остатокот од денот. Ќе блескате од среќа и ќе бидете полни со позитивна енергија
Ќе ве опушти
По одличниот секс, ќе се чувствувате мирно и опуштено. Ќе уживате во креветот со својот партнер.
Ќе бидете попривлечни
Ќе бидете посреќни, а со самото тоа и попривлечни. Другите луѓе тоа ќе го почувствуваат. Ќе чекорите со самодоверба и насмеката ќе биде присутна на вашето лице. Позитивноста секогаш е секси.
Ќе бидете попродуктивни на работното место
Подобро ќе работите, бидејќи ќе бидете посреќни
Незаборавно чувство
Ќе имате секс наутро кога сонцето излегува. Зарем тоа не е романтично? По сексот повеќе ќе уживате во појадокот.
Ќе ја зацврстите врската
Утринскиот секс а потоа и појадокот во кревет ќе влијае на зголемување на блискоста меѓу вас. Ќе ги поделите овие интимни и романтични моменти.