ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Тие не користат флаши и лименки, пиво само во пластични кеси


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Каде било и во светот да нарачате пиво, очекувате да го добиеше во флаша, лименка или пак чаша. Меѓутоа, во едно гратче во Кина пиво купуваат на потполно поинаков начин – во пластична кеса.

Во градот Киндгао мештаните имаат необичен начин да го купуваат својот омилен пијалок. Тие пиво купуваат во пластични кеси, пренесуваат медиумите.

Продавачот, Ванг Цицаи, кој дневно продава од 8 до 13 туби пиво, вели дека мештаните оддамна таму го купуваат омилениот пијалок во пластични кеси.

Тоа е практично и многу лесно, вели тој.

По купувањето на пиво, мештаните кесите ги носат дома, а потоа пивото го истураат во чаши и го пијат како и сите останати.

Постои уште еден начин да го испијат пивото од кесата, а тоа е кога ќе направат дупка од страна.

„Луѓето во Киндгао пивото од кеси го пијат во последните 30 години, но никој не знае зошто и како пивото почнало да се продава во кеси“, истакна Сун Лин која е предводник на еден бар во овој град.

Во нејзиниот бар пивото се продава во нови пластични кеси кои еколошки се поволни и имаат паметно лого од страната.

„И покрај тоа се поголем дел од компаниите ги забрануваат пластичните кеси, луѓето не сакаат лесно да се откажат од пивото во пластични кеси. Тоа е дел од нивниот живот, ги користат оддамна и мислам дека така ќе остане и во иднина“, истакна Сун.