Фотографирани заедно после пет години


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Актерските ѕвезди од „Twilight“ сагата, Кристен Стјуарт и Роберт Патисон, прв пат после пет години беа фотографирани заедно. Тие двајца присуствуваа на роденденската забава од Лили Роуз Деш, па на кратко излегоа надвор од гужвата и поразговараа меѓу себе.

Последен пат Стјуарт и Патисон беа фотографирани заедно во 2012 година, кога уште беа во врска, така што оваа фотографија предизвика голема возбуда меѓу нивните обожаватели.

Овие денови Кристен често е фотографирана во јавност со Стела Максвел, со која јавно е во врска, а Патисон е „сингл“ откако минатиот октомври ја раскина свршувачката со пејачката Талија Дебрет Барнет, позната како FKA Twigs.

Стјуарт и Патисон беа во љубовна врска речиси четири години (2008-2012), на која крај стави скандалот кога Кристен беше фотографирана како се бакнува со режисерот Руперт Сандерс. Таа јавно му се извини на Роберт во јули 2012. Се смирија и беа заедно до мај 2013, кога официјално и конечно раскинаа.