Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кал Пател, работник во мала продавница на своите родители во Салина во Канзас, на касата пронашол лотариски тикет со добитна комвинација, која купувачот случајно го заборавил не знаејќи дека на него се наоѓа добивка од милион долари.
Пател без двоумење потрчал по среќниот добитник и му го вратил тикетот.
„Добрите дела се враќаат да ви помогнат, додека лошите се враќаат да ве опседнуваат. Фантастично беше чувството да се пронајде тој тикет, а потоа и да го пронајдеш добитникот“, истакна Пател, кој ниту малку не се кае поради својата постапка, пренесува АП.
Добитникот, кој сакал да остане анонимен, купил три тикети во продавницата, но потоа свратил во „Пт Стоп“, продавницата на родителите на Пател, да провери дали некој од нив е добитен.
Проверил два тикети, додека третиот случајно го оставил на пултот, наведуваат локалните медуми.
Кога Пател ги погледнал броевите на заборавениот тикет, не можел да верува, вели, дека тоа било баш комбинацијата која носела милион долари.
Пател од порано го познавал купувачот и го знаел делот од градот во кој живеел па седнал во автомобилот и тргнал по него. По долга потрага, го здогледал среќниот добитник во автомобил во кој бил со својот брат, па ги сопрел.
„Му го покажав тикетот и им реков дека се победници. Почнаа да се тресат, не можеа да поверуваат“ прераскажува ател.
Пријателите на Пател го критикувале затоа што се откажал од милион долари, но тој вели дека не сакал да живее со чувство на вина поради задржаните пари.
Добитникот инаку, на Пател му подарил чек од 1200 доари, како награда за стореното дело.