Официјално: Милан и Јувентус ќе играат во Саудиска Арабија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанската фудбалска федерација денес официјално соопшти дека мечот од италијанскиот Суперкуп ќе се игра во Саудиска Арабија.

На овогодишенниот Суперкуп ќе играат Јувентус како освојувач на двојната круна и Милан како учесник во финалето на Купот.

Ова не е прв пат Суперкуот да се игра надвор од Италија, пред две години овие два клуб играа во Доха.

Саудиска Арабија за овој меч ќе плати 7 милиони евра, од кои по 3 милиони ќе завршат во касата на двата клуба, а 1 милион евра ќе земе фудбалската федерација на Италија.

Натпреварот ќе се одигра во јануари, а не во август како што првично беше одредено.