Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите на грчкиот весник „Та Неа“ утре се очекува да има брзи промени во преговорите за името на Република Македонија.
Одговорот на Зоран Заев дали прифаќа конечниот грчки предлог што беше договорен во Њујорк, меѓу Димитров и Коѕијас ќе го покаже патоказот во текот на случајот.
Како што пишува грчкиот весник доколку одговорот биде позитивен, тогаш Заев ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Доколку пак Македонија не даде позитивен одговор во текстот се вели дека тогаш преговорите ќе пропаднат и двете земји ја пропуштаат шансата да најдат договор, особено во ова време.
Во Атина итна координација, Ципрас и Заев телефонски ќе пополнуваат загради
Вчера попладне во Атина била свикана средба на која што разговарале претставници на неколку грчки институции кои работат на прашањето за името.
Биле присутни луѓе од доверба на премиерот Ципрас, на кабинетот на претседателот Павлопулос, претсавници на МНР на Грција, стратези од разузнавачките и други безбедносни служби како и неколку експерти од работната група за името кои се специјализирани за уставно и меѓународно право.
Како што неофицијално дознава expres.mk на средбата било договорено во текстот на договорот за кој била постигната согласност од Коѕиас и Димитров пред медијаторот Нимиц да бидат оставени празни заградите во делот за националност и јазик.
Празните загради кои биле причина за прекинот на работата на работните групи за договорот според заклучокот од вчерашната средба треба да ги пополнат премиерите Ципрас и Заев и тоа преку телефон.
Тоа значи дека Ципрас го очекува Заев да се јави и да предложи како во заградите за makedonski јазик/нација ќе се направи дистинкција на славофоните Македонци и Грчките Македонци.
Дури откако тоа ќе се случи Заев може да се пакува за Преспа на средба со грчкиот колега
Според позициите на грчката работна група првично заградите требало да бидат пополнети со небулозно објаснување според кое: националноста/јазикот се makedonski но со дообјаснување дека се работи за граѓани од словенско потекло кои немаат ништо заедничко со грчките Македонци a кои водат потекло од населението кое во регионот се населиле по 7 век и говорат македонски словенски јазик.
Откако македонските експерти посочиле дека вакво нешто е спротивно на било која практика и меѓународни правила преговорите беа прекинати а грчката влада објави нон-пејпер дека Македонија се повлекува од договореното.
Сега Ципрас според сугестиите од вчерашната средба чека на телефонски повик од Заев во кој македонскиот премиер треба да даде материјал за пополнување на заградите пред македонски.
Оваа порака до Заев е веќе пренесена преку еден од неговите српски советници, тврдат изворите на expres.mk.