Сензација во Париз: Анонимецот од Сицилија го „реши“ и Ѓоковиќ!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Практично анонимниот Италијанец, Марко Чекинато направи уште еден подвиг на „Ролан Гарос“, го победи Новак Ѓоковиќ со 3:1 и се пласираше во полуфиналето.

Чекинато одлично го започна мечот и изненадувачки поведе со 2:0 во сетови, по што следеше период на доминација на Ѓоковиќ.

Србинот лесно го освои третиот сет со 6:1 и имаше шанса да се врати, но ја испушти предноста во четвртиот сет, кој на крајот се играше на тајм-брејк.

Во тајм-брејкот имаше вистинска драма, која на крајот му припадна на Италијанецот со 12:10 и победа од 3:1 во сетови.

Ова е секако најголем успех во кариерата на момчето од Сицилија, кое за влез во финалето ќе се бори со Доминик Тим.