Легендарниот и добро познат музички хит „Макарена“, ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ, може да го спаси вашиот живот (ВИДЕО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Песната „Макарена“ може да го спаси животот на човекот, изјавија шпанските експрети кои советуваат да се држиме до ритамот на тој стар летен хит, кога практикуваме масажа на срцето.

Имено, песната на групата Лос дел Рио од 1993. година нуди добро темпо при тој итен зафат, односно 100 до 120 компресии во минута, наведува Хина.

Сепак, требало да се докаже дека тоа функционира, па истражувачите од Универзитетот во Барселона, Автономниот универзитет во Барселона и клиничката болница во Барселона, регрутирале 164 студенти по медицина за овој експеримент.

Студентите биле поделени во три групи, а секој до нив добила задача да масира срце на куклите во рок од 10 минути.

Резултатите биле најдобри во групата која користила метроном на апликација на мобилен телефон, подесен на 103 отчукувања во минута. Во таа група, 91% од учесниците оддржувале вистински ритам.

Учесниците кои биле советувани ментално да го следат ритамот „Макарена“ се држеле во ритам од 74%,

На крајот, само 24% од учесниците, од кои било побарано да ја изведат масажата без успатства го следеле добро ритамот.

„Макарена“ имала уште една предност: тие кои го следеле нејзиниот ритам брзо почнувале, додека тие кои го следече метрономон најмногу чекале со првата компресија.

https://youtu.be/gwWRjvwlLKg