Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога ќе се заљубите во некого, последно на што размислувате е кога заљубеноста ќе престане. За жал, тоа не значи дека до тоа нема да дојде. Иако кај секого доаѓа до ова, доаѓа поинаку, и тоа е еден процес кој ви го менува животот, исто како и времето во кое се заљубувате во некого.
Иако времето вложено во врската може да ве натера да се обидете да ја спасите, кога љубовта ќе исчезне, само е прашање на време колку врската ќе опстои.
Со оглед на тоа дека сите не го приметуваат тоа на време, ви нудиме неколку знаци кои ќе ви помогнат да сфатите дека љубов повеќе нема.
1. Не ви пречи ако не се слушнете со партнерот
Кога сте во здрава врска, комуникацијата со партнерот е нешто што го очекувате и го сакате. Ако сте дојдени до таа фаза во која ви е сеедно што нема комуникација, повеќе не сте толку заљубени како што мислите.
2. На пријателите постојано им се жалите за партнерот
Да се жалите на пријателите за партнерот во потполност е нормално, но ако тоа го правите почесто од претходно, нешто во вашата врска не функционира како што треба, јавува Инсајдер.
Ако постојано се жалите на пријателите и семејството и барате совети, време е да се запрашате зошто тоа е така.
3. Не уживате во друштвото на партнерот
Ако сте зањубени во некого постојано сакате да бидете со таа личност, па ако сте дојдени до фазата во која ви треба повеќе простор од вообичаено, можеби имате проблем.
Ако веќе не се смеете заедно и не уживате во близината на таа личност, време е да размислите за врската.
4. Од се токму најмногу ве нервира вашиот партнер
Секој пар има свои добри и лоши денови, но ако ве лути секоја негова постапка, дури и кога не направил ништо лошо, тоа не е добар знак за вашата врска. Момент е да запрашате дали тоа го сакате навистина.
5. Чувствувате олеснување кога партнерот не сака да појде некаде заедно со вас
Сите ние понекогаш не можеме да го придружуваме својот партнер на некој важен настан или пропуштаме некој важен дејт со партнерот и нормално е другата личност тогаш да биде малку разочарана. Но, ако ви станува сеедно дали сте заедно или не, тоа е знак дека ваѓата врска и љубов не се силни како претходно.