Заборавете на ова! – Моците откриваат што жените никако не смеат да носат во креветот…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сакате ли да дознаете за кои работи навистина се грижат момците во креветот?

Овојпат нема да зборуваме во самиот секс, вештините и долниот веш, туку за факторите кои ги прават момците вознемирени пред сексот да започне.

„Нејзиниот сјај на усните е толку леплив што чувствувам дека се бакнувам со лепак“

Јасно е дека ние девојките сакаме кармини, балзами и сјаеви за усна. Но, кога сте во кревет со партнерот, прескокнете го нанесувањето на кармин на усните, бидејќи во секој случај брзо ќе го нема. Не само што некои од сјаевите имаат непријатен вкус, туку можат да бидат и лепливи, што може да биде вистина непријатно, особено за моцмите кои немаат ништо на своите усни.

„Нејзиниот парфем е толку силен што може да го почувствува целиот град“

Дури и ако не чувствувате колку вашиот парфем е јак, немојте да претерувате со прскањето на целото тело. Доволно е само капка од парфемот тука и таму, така што можат да го почувствуваат само оние кои се неколку сантиментри оддалечени од вас, а не и соседите кои живеат до вас. Покрај тоа, можеби парфемот не му се допаѓа на вашиот партнер, или е многу силен и вознемирувачки, па навистина е подобро да го користите во мали дози.

„Кога нејзиното тело е намачкано со масло, толку е лизгаво што не можам ниту да ја фатам“

Дури и ако имате сува кожа пред да заминете во кревет не користете масло. Маслото тешко е апсорбира и може да биде лизгаво за разлика од млекото и лосионот за тело.

„Нејзината шминка е насекаде, на мене и на постелнината која вчера ја променив“

Одредени кармини се масни и имаат непријатен вкус на усните на партнерот. Покрај тоа, носењето шминка во креветот исто така и штети на вашата кожа. Не заборавајте дека шминката остава траги, на нему и постелнината. Ако веќе не можете без шминка, обидете се да користите козметички производи кои се сметаат за водоотпорни и не оставаат трага. Вашиот партнер ќе ви биде благодарен.