Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Каубој влегува во бар и на барменот му нарачува јако виски. Барменот му тура виски, а каубојот го пие на екс и вели:
„Дај не ме заебавај, ти реков јако виски. Тури уште едно, ама навистина јако“.
Барменот го зел најјакото виски што го имал во шанкот и му турил од него. Каубојот повторно го испил на екс и повторно негодувал:
„Добро, стварно си решил да ме заебаваш или навистина немаш јако виски?“
Барменот се изнервирал, зел и му турил сулфурна киселина:
„Повелете, куќата чести. Ова е најсилниот пијалок што го имаме во баров“.
Каубојот го испил и овој пат задоволен, извадил пари, платил и му оставил бакшиш на барменот.
Следниот ден, повторно доаѓа каубојот во барот и му вели на келнерот:
„Дај од тоа вчерашното, што кога мочам, сечам железо“.