Како до повеќекратен оргазам? – Следете ги само овие пет чекори…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Длабокиот оргазам зависи од опуштеноста, кога ќе го промените сравот и свеста за себеси, повеќекратниот оргазам ќе стане рутина.

Оргазмот е благосостојба за човечкиот организам, а замислете само колку корист ќе имате ако доживеете повеќепати оддеднаш. Ваквото сексуално искуство не е невозможна мисија, само следете ги овие упатства.

Испитајте ги емоциите

Градењето на возбудување и доживување на повеќекратен оргазам во еден обид дефинитивно е дел од физичката техника, но првиот чекор за ова е поставување на своите мисли и емоции во ред.

Жената која доживува повеќератен оргазам е состојба на ум, вели Крис Роуз, сексуална едукаторка.

Потребно е да се опуштите, длабокиот оргазам зависи од опуштеноста, кога го примените ставот и свеста за себе повеќекратниот оргазам ќе стане рутина.

Забавете го

Издржливоста кај мажите е круцијална во тоа жената да доживее повеќе оргазми, вели Роуз.

На просечен маж му се потребни 3 до 7 минути да доживее оргазам, а на жените помеѓу 10 и 20 минути.

Пуштете го да ве опсипе со уживање

Голем број љубовници се великодушни и желни да уживаат во тоа кога жената доживува повеќе од еден оргазам, но многу од жените имаат проблем со уживањето на толкавото внимание и допуштањето на еротичниот фокус да биде во нивното уживање, вели Роуз.

Немојте да бидете скромни во креветот, советува оваа терапевтка.

Покажете ја насоката

Кога не знаете како да му објасните со зборови, искористете ја праксата па покажете му како да ве задоволи. Не е срамота да покажете што сакате.

Дишење

Дишење, нежно, еротско и длабоко е она што ве води кон успешен оргазам. Вежбајте што е можно повеќе, заедно. Како и бакнежите кои се врата кон вашиот и неговиот оргазам.