Легендата Брајан Де Палма ќе снима хорор филм базиран на скандалот со Харви Вајнстин


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холивудскиот режисер Брајан Де Палма, кој е режисерски потписник на серија култни филмски остварувања, го пишува сценариото за хорор филмот кој ќе го снима, базиран на скандалот со американскиот продуцент Харви Вајнстин.

Вајнстин минатата недела официјално беше обвинет за силување и казнени сексуални деликти. Неговиот адвокат изјави дека тој ги негира сите обвинувања.

„Знам дека многу луѓе беа вклучени во сето ова. Со години сум ги слушал приказните. Режисерите мора да ја стекнат довербата од актерите и нивната љубов, а да се повреди истата на било кој начин е најлошото нешто кое може да се направи“, изјави Де Палма за AFP.

Истакна дека ова сценарио го гледа како борба против злупотребата во филмската индустрија.

„Главниот лик нема да се вика Харви Вајнстин. Но, ова е хорор со сексуален напаѓач и дејството ќе се случува во сферата на филмската индустрија“, открива режисерот.