Шокантна одлука на Лев: Лерој Сане исфрлен од списокот, Ноер оди на СП


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот на германската репрезентација, Јоаким Лев денес го соопшто конечниот список од 23-ца фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија.

Најнеизвесна беше позицијата на Мануел Ноер, кој сепак влезе во потесниот список и ќе биде дел од голманите заедно со Тер Штеген и Кевин Трап.

Сепак, најголемото изненадување е што на Мундијалот нема да го гледаме Лерој Сане, кого Лев го исфрли од списокот. Сане одигра фантастична сезона со Манчестер Сити, ја освои Премиер лигата и има неверојатна статистика.

Сане сезоната ја заврши со 14 гола и 19 асистенции, статистика која ја нема ниту еден друг фудбалер во германската репрезентација.

Покрај Сане од списокот беа исфрлени уште Бернд Лено, Џонатан Тах (Баер Леверкусен) и Нилс Петерсен.