Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, прв пат по отсуство од 25 дена ќе се појави во јавност. Како што најавуваат од Белата куќа, Меланија и Доналд Трамп заедно ќе учествуваат на Меморијалниот ден на здружението Gold Star Families.
Сепак, многумина се сомневаат дека првата дама на САД навистина ќе се појави на настанот, бидејќи истиот е затворен за новинари, а под знак прашалник е дали и Белата куќа ќе објави фотографии.
Дел од јавноста, поради тоа, се запраша зошто Меланија не сака никој да ја види во јавност, но и дали воопшто ќе се појави некаде или Белата куќа само сака да ги запре гласините за нејзиното исчезнување.
Сепак, Меланија ќе одбегне да го отвори самитот Г7 во Квебек, а не планира да се појави ниту на најавениот самит на 12 јуни во Сингапур со Северна Кореја, соопштија во неделата од Белата куќа.
Првата дама на САД не е видена во јавност од 10 мај, кога таа и Доналд во воената база Ендрус ги дочекаа тројцата Американци кои беа пуштени од затвор во Северна Кореја.
Меланија Трамп на 14 мај се подложи на хируршки зафат поради бениген тумор и беше пуштена од болница на 19 мај. Оперативниот зафат за емболизација на бенигниот тумор на бубрегот на 48-годишната Меланија беше изведен во националната воена болница „Волтер Рид“.
„Таа нема да присуствува на состанокот Г7 и не планира да патува во Сингапур во овој период“, изјави нејзината портпаролка Стефани Гришам преку е-меил порака во неделата.
Белата куќа во неделата вечерта објави дека претседателот и првата дама денес, понеделник, ќе присуствуваат на приемот на семејствата на членовите од државните служби кои биле убиени на должност, а кој нема да биде отворен за јавност.
Минатата среда Меланија преку Твитер одговори на шпекулациите за нејзиното отсуство од јавноста.
„Гледам дека медиумите работат прекувремено, шпекулирајќи за тоа каде сум и што правам. Бидете мирни, тука сум, во Белата куќа, со своето семејство, се чувствувам одлично и напорно работам за доброто на децата од американскиот народ“, напиша таа.