Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Синоќа се одигра вториот натпревар од финалната серија во НБА лигата во кој Голден Стејт поведе со 2-0, а херој беше Стеф Кари.
Синоќешниот дуел донесе нов НБА рекорд на Стеф Кари, кој уфрли 9 тројки во еден натпревар, за првпат во историјата на лигата. Тој воедно беше и најдобар поединец и постигна 33 поени, 7 скокови и 8 асистенции.
Кралот Џејмс повторно беше клучниот играч на Кливленд и најдобар играч на теренот, па тој го заврши натпреварот со 29 поени, 9 скока и 13 асистенции. Тоа сепак не беше доволно за неговиот тим да оствари победа, бидејќи остатокот од екипата играше многу лоша одбрана.