Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новото истражување посветено на живиот свет на планетата Земја статистички открива колку мала и безначајна улога во него игра човечкиот вид, но и колку големо, разорно и несразмерно е влијанието на човечкиот вид врз другите живи суштества, пренесува The Guardian.
Утврдено е дека човечкиот вид истовремено е безначаен и целосно доминантен род меѓу живиот свет. Вкупно 7,6 милијарди луѓе на Земјата, кога се гледа биомасата на телото, прават само 0,01 насто од сите живи суштества.
Поточно, луѓето предизвикале исчезнување на 83 насто од сите диви цицачи и половина од растителниот свет. Од друга страна, стоката која ја одгледуваме ја има во изобилство.
Растенијата доминираат
Новото истражување е прва сеопфатна проценка на застапеноста на сите родиви на живи суштества која ги побива досегашните бројни претпоставки. Бактериите се доминантна форма на живот и претставуваат 13 насто од животот на Земјата, но растенијата со својата биомаса ги надминуваат сите останати – тие претставуваат 82 насто од живиот свет на нашата планета.
Сиот друг жив свет – од инсекти до габи, риби и животни – чинат само 5 насто од светскиот живот. Уште едно изненадување е фактот дека сето богатство на животот во океаните претставува само 1 насто од вкупниот живот на Земјата.
Најголем дел од живиот свет на планетата го чинат организмите од копното, од кои една осмина се бактерии длабоко под земјината површина.
Домашните животни го зазедоа местото на дивите животни
„Ме шокираше фактот дека пред правењето на овие анализи не постоеше ниту една слична проценка на составните делови на животот на Земјата. Се надевам дека нашето истражување ќе им помогне на луѓето да сфатат колку е човечката улога доминантна“, вели професор Рон Мило од научниот институт „Вајзман“ од Израел.
Професор Мило, исто така, напоменува дека неодамна одлучил да почне да јаде помалку месо поради огромното влијание на домашните животни (посебно стоката) на животната средина. Новото истражување открива дека домашно одгледаната живина денес чини 70 насто од сите птици на светот, а дека дивите птици се застапени со само 30 насто.
Дури 60 насто од сите цицачи се домашна стока – главно говеда и свињи – додека 36 насто се луѓе, а само 4 насто диви цицачи.
„Резултатите се запрепастувачки. Во документарците за дивиот свет гледаме голем број на диви птици, но од нашите анализи е јасно дека домашните птици ги има во значително поголем број“, вели Мило.
Ново големо изумирање
Уништувањето на природните живеалишта резултираше со почетокот на она кое бројни светски научници го сметаат за шесто масовно изумирање во 4 милијарди долгата историја на Земјата. Се верува дека во последните 50 години изумреле околу 50 насто од животните.
Откако луѓето станаа земјоделци, и откако се случи индустриската револуција, се случи огромен пад – дури и научниците се изненадени од фактот дека опстанале само шестина од дивите цицачи. Освен тоа, тридеценискиот китолов доведе до изумирање на четири петтини од океанските цицачи.
„Човечкото влијание на Земјата е исклучително несразмерно. Кога сложувам сложувалки со моите ќерки, главно добиваме слики од слонови, жирафи и носорози. Реалните слики од животните кои доминираат во светот би биле слики со крави и кокошки“, потенцира Мило.
Безначаен вид кој има значајно влијание врз околината
Што се однесува до значајноста, луѓето имаат незначително процентуална улога во рамки на живиот свет на Земјата – вирусите и црвите се дури три пати позначајни од луѓето. Исто така, рибите се 12 пати позастапени од луѓето, а габите се 200 пати побројни од човечкиот род.
И покрај тоа, нашето влијание врз средината и понатаму е огромно. Професор Мило истакнува дека „нашата исхрана има значајно влијание на растителниот и животинскиот свет“.
„Би сакал и останатите да го вклучат ова истражување во формирањето на свое гледиште и своја одлука за исхраната. Јас не станав вегетаријанец, но при изборот на храна секако го земам во предвид влијанието кое моите одлуки го имаат врз природната средина“, објаснува Мило.
Спроведување на истражувањето и најбитни заклучоци
Истражувачите при спроведување на овие проценки употребија податоци од над стотина истражувања во кои се користени бројни модерни техники. Прво беше правена проценка на биомасата на одреден степен на организми и потоа се одредуваше во каква средина тие организми можат да живеат, за потоа да се направи глобална пресметка.
Јаглеродот е користен како клучно мерило – откриено е дека во сите живи суштества на Земјата се наоѓаат вкупно 550 тони јаглерод.
Истражувачите предупредуваат на фактот дека во одредени проценти – како оние поврзани за бактериите под земјата – има значајна несигурност во проценката, но истакнуваат дека истражувањето претстаува користен преглед на фактичката состојба.
„Ова истражување е прва сеопфатна анализа на сите живи организми, вклучително и вирусите. Она што е важно да се запамети е фактот копнените растенија доминираат на глобално ниво, како и фактот дека човечкиот вид негативно влијаел, а во некои случаи и ги искоренил дивите цицачи од сите континенти со цел да си овозможи храна и задоволство“, заклучува Пол Фалковски од Универзитетот Ратгерс.