Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фернандо Торес се прости од Атлетико Мадрид, а шпанските медиуми тврдат дека кариерата ќе ја продолжи во Јапонија.
Имено, Торес ќе тргне по стапките на својот сонародник Андрес Иниеста, а „Марка“ пренесува напаѓачот се договорил со јапонскиот Саган Тосу и ќе ја продолжи кариерата во јапонската Џеј- лига.
Тимот од клупата го предводи Италијанецот Масимо Фикаденти, а од познатите фудбалери дресот на Саган го носи Колумбиецот Виктор Ибарбо.
Фернандо Торес по завршувањето на сезоната, по втор пат во кариерата реши да го напушти Атлетико Мадрид.