Полициска акција: МВР се бори против дивите моторџиски трки


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Десет мотоцики вчера беа задржани од страна на полициските сили поради сомнение дека имале вградени нестандардни делови со цел да учествуваат во нелегално организирани диви моторџиски трки. Моторите денеска ќе бидат пратени на вонреден технички преглед.

Како што соопшти МВР, вчера од 19 до 24 часот од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескордно обезбедување, при спроведената акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје привремно се задржани десет моторцикли. Моторите се задржани поради сомнение дека сопствениците вградиле одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по чл.53 од Законот за возила.

Од МВР информираат дека по однос на останати прекршоци, превземени се вкупно 46 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.