Наместо на судење за „шамарите во Центар“, си заминал во Хрватска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден од обвинетите во СЈО предметот „Насилство во општина Центар“, актуелниот советник во општина Гази Баба, Александар Трајковски, не се појави на денешното рочиште затоа што бил на службен пат во Хрватска, пренесува Макфакс.

Неговиот адвокат достави решение од градоначалникот на општина Гази Баба дека Трајковски како советник бил поканет на настан во Хрватска. Поради тоа беше одложено и судското рочиште, кое беше презакажано за 6 јуни.