Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе одамна беше познато дека Роберт Левандосвки сака да го напушти Баерн Минхен, а вчера тоа јавно го потврди неговиот агент Пини Захави.
Меѓутоа, германските медиуми пренесуваат дека раководството на Баерн Минхен е сепак одлучно во намерата да не го продава полскиот репрезентативец.
Челниците на баварскиот клуб се спремни на се за да го задржат Левандовски, па дури и да му понудат нов, побогат договор.
Меѓутоа, „Билд“ најавува дека во тимот ќе има мала реконструкција ова лето и дека четири ѕвезди се на излезна врата од „Алијанц Арена“.
Именом, доколку пристигнат адекватни понуди клубот е спремен да го продаде Артуро Видал, Тиаго Алкантара, Жером Боатенг и Хуан Бернат.
Баерн сигурно нема да има проблем да најде „муштерии“, со оглед на фактот што овие фудбалери се на радарот на најголемите европски клубови.
Decision of the club: @FCBayern would sell Thiago, Vidal, Bernat or Boateng if there is a lucrative offer @SPORTBILD
— Christian Falk (@cfbayern) May 31, 2018