Зидан на Реал беше тренер 897 денови – еве што се освои!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Зинедин Зидан денес на итна закажана прес-конференција го изненади фудбалскиот свет со одлуката да го напушти Реал Мадрид, само пет дена откако ја освои Лигата на шампионите.

Французинот заминува во чуден, но веројатно и најдобар момент, како и што самиот кажа во изјавата. Зидан со Реал Мадрид ја освои третата титула во низа во Лигата на шампионите и самиот е свесен дека тешко ќе го повтори истиот резултат следната година иако истото се зборуваше и пред почетокот на оваа сезона.

Популарниот Зизу на клупата на Реал Мадрид седна во 2016 година откако Рафа Бенитез заработи отказ. Сигурно дека и понатаму ќе се водат дебати за тоа дали Зидан е чудесен генијалец или пак имаше среќа.

Имено, Зидан на клупата на Реал помина точно 879 денови и за тој период освои навистина многу!

Во првите неколку месеци Зидан ја победи Барселона на „Ноу Камп“ и така ја прекина низата од 39 натпревари без пораз на Каталонците.

Најголемото достигнување и причина за големите успеси со Реал многумина гледаат во тоа што Зидан од група големи ѕвзди успеа да создаде одлично балансиран тим кој функционираше како семејство. Тоа беше веројатно и темелот на целиот успех во неговите, ќе повториме САМО ТРИ СЕЗОНИ!

Зидан со Реал освои три титули во Лигата на шампионите, две во шпанскиот Супер куп, две клупски светски првенства, во Примера стигна до една титула, а една освои и во шпанскиот Суперку.

897 денови, 9 трофеи – по еден на секои 97 дена!