МПЦ ќе го брише името „Македонска“? – Вселенската патријаршија ќе го разгледа барањето!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Додека трае целиот проект за промена на името на нашата држава, се јавија засега непотврдени информации дека Синодот на МПЦ, веројатно во соработка со премиерот Заев, се решил да го избрише терминот „Македонска“ од своето име, и така да бара прием во Вселенската патријаршија.

Во рамки на надлежностите и прерогативите на Вселенскиот патријарх, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на црквата на Скопје во канонски рамки под името Охридска архиепископија, соопштија од Вселенската Патријаршија, откако добиле барање и писмо од македонскиот премиер.

Ова барање Светиот синод на Вселенската патријаршија го разгледало на вчерашниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина.

– Беше разгледано барањето на расколничката црква во Скопје, барање поддржано и преку писмото на премиерот на ПЈРМ, господинот Зоран Заев, за преземање иницијатива од Вселенската Патријаршија за враќање на црквата во канонски рамки под името Охридска архиепископија и одлучи да се разгледа и да го стори тоа што треба врз основа на условите, што не можат да се прекршат, на историските и канонските надлежности и прерогативите на Вселенскиот патријарх, соопштуваат од Вселенската Патријаршија.

Инаку, Дебарско-кичевскиот владика Тимотеј, портпарол на Синодот на МПЦ-ОА вчера потврди дека било испратено писмо до Вселенската патријаршија во кое било побарано само признавање на автокефалниот статус на МПЦ.

– Писмото е испратено пред околу еден месец. Во него бараме помош од Вселенската патријаршија за признавање на МПЦ како автокефална црква. Другите информации, кои се појавија во јавноста за некаква промена на името на нашата црква, не се точни и станува збор за дефокусирање на јавноста од целата суштина. Името на МПЦ-ОА останува такво какво што е – нагласи г. Тимотеј.

Инаку, од кабинетот на грчкиот премиер Ципрас потенцираат дека идејата за бришење на терминот „Македонска“ пред името на црквата, било барање на премиерот Заев:

„Нова демократија не треба да брза. До овој момент не постои никаков договор“, велат од кабинетот на грчкиот премиер во одговор на прашањата од опозициската партија, во однос на вчерашните ставови од премиерот Заев и додаваат дека единствено што за сега постои е одлуката од Вселенската патријаршија во однос на името на македонската црква.

„Единствено што постои до овој момент е одлуката на Светиот синод на Вселенската Патријаршија да се спроведе потребното за да се задоволи барањето на премиерот на ПЈРМ за бришење на терминот ’Македонија’ од името на црквата на нашите северни соседи“, пишува во соопштението.

Како ќе продолжи целиот проект за промена на македонското име, а веројатно на тоа и на македонскиот идентитет, засега можеме само да претпоставуваме.