Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Лекси има 27 години, а нејзиниот „sugar daddy“ 40. Таа не се срами од фактот дека е спонзоруша и дека нејзиниот спонзор ги покрива сите нејзини животни трошоци и ја чести скапи вечери, подароци и патувања.
Освен што ги плаќа заедничките трошоци, спонзорот секој месец ја „разгалува“ Лекси со џепарлак од околу 5.500 евра.
„Барав некој кој може да му пружи живот каков што заслужувам“, вели Лекси за Daily Mail. Спонзорот го нашла преку австралиска страница која поврзува богаташи со спонзоруши, каде се пријавила при крајот на минатата година.
„Сакав човек каков што беше татко ми, кој внимаваше на мене, мојата мајка и сестрите. Не моравме да работиме, само добро да учиме, а тој плаќаше сè“, вели Лекси која со својот богат спонзор се гледа три пати неделно.
Иако, вели, не морала да го прави тоа, сепак спиела со спонзорот. Тој ветувал дека таа секогаш ќе има пари, под услов да не бара друг спонзор. Лекси е пресреќна бидејќи веќе не мора да работи и што најпосле ќе живее живот каков што сонувала.
За својот спонзор, кој е првиот маж што го запознала на страницата, вели дека има развиено доверба и поврзаност и дека нема потреба да бара друг.