Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо е блиску до трансфер во Пари Сент Жермен, тврдат португалските медиуми.
Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш веќе пристигнал во Париз и започнал преговори за трансферот на неговиот клиент во францускиот гигант.
Роналдо не е задоволен од годишните примања кои ги има во Мадрид, а со оглед на фактот што претседателот Перез не сака да му даде нов договор, Португалецот е спремен да ја промени средината.
Денешното издание на „АС“ потврди дека Роналдо може да се пресели во Париз бидејќи „светците“ му нудат неверојатни 45 милиони евра по сезона, со што Португалецот ќе стане најплатениот фудбалер на светот.
Со оглед на фактот што Роналдо веќе има 33 години, ПСЖ не е спремен да понуди сума поголема од 150 милиони евра за неговиот потпис.
Целта на „светците“ е да формираат напад „трио од соништата“ Нејмар – Роналдо – Мбапе, а единствен проблем може да биде Финансискиот фер-плеј.
El PSG sueña con la delantera Cristiano, Neymar y Mbappé https://t.co/aqxMxLKKkl
— AS (@diarioas) May 30, 2018