Нивес Целзиус открива што и пишуваат фановите, а и кој е нејзиниот најголем сон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Нивес Целзиус е сон на многумина мажи, но во едно интервју открива дека и приоѓаат и многу жени.

„Би кажала дека геј девојките се многу похрабри од момците. Многумина од нив знаат да ми намигнат или отворено да ми пријдат“, открива Нивес.

Пејачката и писателка истакна дека е мајка од 0 до 24. Готви, пере, чисти и води грижа за синот Леон и ќерката Талш.

„Веќе ми е мака од историја и останато, одвај чекам да заврши учебната година“, истакна дека Нивес која по завршувањето на училиштето ќе замине со децата на одмор, а таму ќе им се придружи и нејзиниот некогашен сопруг, Дино.

Пејачката истакна дека не се заљубила бидејќи моментално нема време за нови момци во својот живот. А понуди има многу. На социјалните мрежи секојдневно и пишуваат фанови, а меѓу нив има и брачни понуди.

„Би пеглал секојдневно по три ормари со облека ако кажеш да“, гласи пораката на еден од фановите додека некој друг, ја запрашал зошто повеќе не објавува провокативни фотографии. Нивес има многу сништа, а еден откри и во интервјуто.

„Би сакала да снимам хорор гилм во кој троглав манијак ќе ме брка со пила“, вели Нивес.