Над 36 насто од граѓаните сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дека Македонија се движи во лоша насока сметаат 36,8 отсто од граѓаните, 35,1 отсто мислат дека државата оди во позитивна насока, а дека ситуацијата е иста мислат 22,4 отсто од граѓаните, покажуваат резултатите од анкетата на Телма и МЦМС.

На прашањето во која насока се движи државата во изминатата една година од почетокот на функционирање на владата на Зоран Заев, гледано од аспект на етничка припадност, 40,6 отсто од Македонците рекле дека државата се движи во негативна насока, а 35,9 отсто од Албанците се изјасниле дека државата оди во позитивна насока. Од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, пак, само 8,1 отсто мислат дека државата оди во позитивна насока, а 73% во негативна насока,

Кога станува збор за тоа дали граѓаните се задоволни од работата на владата, одговорите се поделени. Задоволни се 49%, 47,4% не се задоволни, 16,5% се целосно задоволни, додека 35,4% од анкетираните воопшто не се задоволни.

Според партиска припадност, 11,9 отсто од поддржувачите на СДСМ, и 38,4 отсто од поддржувачите на ДУИ, не се задоволни од работата на владата во изминатата година.

Резултатите од анкетата покажуваат дека фокус е ставен на надворешната политика, а се запоставуваат областите како економијата, здравството, социјалната заштита и други.

На прашањето на која област владата посветила најмногу внимание, за името се определиле 36,3%, на интеграцијата во ЕУ и НАТО 22,4%, на надворешната политика 3,9 отсто, а на зголемувањето на работните места 2,9 отсто. Сосема спротивни одговори граѓаните даваат на прашањето што сакаат да видат од работата на владата. Тука 26,8% се определиле за отворање работни места, за економски развој 25%, за здравство 9% и за социјална заштита 6,4%. Од друга страна, 6,3% мислат дека владата треба да се посвети на прашањето за името, на ЕУ и НАТО 5,6%, на правосудството 1,3%, на образованието 2,1%, а на животната средина само 1%.

На прашањето кое министерство најдбро си ја врши работата, најмногу граѓани се определиле за Министерството за надворешни работи, па за Министерството за внатрешни работи, за труд и социјална заштита. Најлошо, пак, според граѓаните, работи Министерството за здравство, за правда, за внатрешни работи, за економија, и за култура.

Меѓу бројките што произлегоа од анкетата на Телма се и 60% незадоволни од економскиот раст и вработеноста, 61% незадоволни од минималната плата, 60,3% незадоволни од борбата притв криминалот и корупцијата, 59% од реформите во судството…

Анкетата за оценка на работата на владата предводена од Зоран Заев во изминатата една година е направена телефонски, на репрезентативен примерок од 1.052 испитаници во периодот од 15 до 23 мај.