Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ела Вашингтон од САД, на свои 89 години, дипломираше на универзитетот Либерти во Вирџинија. Уште појако е тоа што таа не мисли да запре на титулата дипломиран историчар, па планира да го продолжи школувањето и да ги истера и магистерските студии.
Како што пишуваат американските медиуми, таа станала мајка на млади години, напорно работела и никогаш немала прилика да го заврши факултетот што отсекогаш ѝ било сон.
Ела работела како чувар во Пентагон, а потоа се школувала и станала сертифицирана медицинска сестра во старечки дом каде работела до пред шест години.
„Немало многу прилики за работа во Вашингтон за млади црнки во тоа време, но таа работеше напорно за да нѝ обезбеди сè”, изјавила нејзината ќерка Елен Мичел.
While putting her 12 children through school and working full time to provide for her family, Ella Washington, 89, never abandoned her goal to continue her education. https://t.co/7e7oYQBLuL
— Liberty University (@LibertyU) May 23, 2018
Таа истакнала дека нивната мајка ги научила да читаат, пишуваат и пресметуваат пред да тргнат на училиште, што е традиција на ова семејство која се пренесува од колено на колено.
Вашингтон добила диплома за медицинска сестра во 1978 година кога имала 49 години, откако била отпочната програма за школување на возрасни лица.
Пред шест години, нејзината ќерка ја убедила Вашингтон да запише факултет, а изборот паднал на универзитетот Либерти.
„Сакам историја. Тоа ми е омилениот предмет. Секој би требало да ја познава својата историја и да учи повеќе за неа. Многумина не ја знаат историјата. Нема ништо погрешно во учењето”, изјавила Ела.
Таа порачала дека образованието е најважната работа која ја обликува личноста и нѝ дава прилика да го добиеме најдоброто од животот.