Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако го спаси од сигурна смрт детето кое висеше на балконот од една зграда во Париз, 22-годишниот Мамуду Гасама стана вистински херој на парижаните и целата јавност на социјалните мрежи, каде видеото од неговото бестрашно искачување по балконите од зградата за да го спаси детето стана вирален хит.
Јавноста Малиецот веднаш го нарече парискиот Спајдермен, а францускиот претседател Емануел Макрон го прими во Елисејската палата и му додели државјанство на Франција и работа како пожарникар поради неговото херојство.
Но дел од јавноста почна да го поставува прашањето зошто мажот од соседниот балкон. кој веќе го држел детето за рака, не го кренал пред Гасама да успее да се качи и самиот да го подигне детето и да го префрли на безбедно, а веќе се појавија и теории дека сѐ е изрежирано за да се промовира попозитивно мислење за емигрантите.
На снимката се гледа дека, во моментот кога Гасама сѐ уште е на половина пат до момчето, на балконот до оној од кој виси детето се појавува уште еден млад маж. Тој, додека Малиецот се качува по зградата, успева да го фати детето за рака и да го повлече кон себе.
Watch 22 year old Mamoudou Gassama heroically scaling four stories of a building when he sees a toddler about to fall to a certain death. When he began climbing the neighbors did not have ahold of the child’s arm yet. pic.twitter.com/67EsUmzwFN
— Ray [REDACTED] (@RayRedacted) May 28, 2018
Зошто тогаш не го спасил тој, туку тоа го направил емигрантот?
Одговорот на тоа прашање е најверојатно преградата меѓу двата балкони. На снимката се гледа дека таа поприлично му пречи на мажот што е блиску до детето и дека поради неа не може да го фати. Исто така, јасно е дека не сака да го ризикува животот на момчето и да го крене во ситуација кога не може добро да го зграпчи.
Друга причина е тоа што, кога мажот успева да го фати детето за да го крене, Гасама веќе стои на балконот под оној од кој виси момчето.
Најверојатно затоа решил да причека парискиот Спајдермен, како што го нарече јавноста, да се качи на балконот каде што е детето и заедно да го кренат.
На втората објавена снимка појасно се гледа дека двајцата мажи заедно го креваат детето за сѐ да мине побезбедно, а им помага и една жена, која се појавува на соседниот балкон.