Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Верниците од сите краеви се ежат кога и да го видат ова чудо.
Верниците веруваат дека присуствувале на чудо, кога на миса во католичка црква, статуата на Дева Марија почнала да плаче. И не само што плачела, туку нејзините солзи мирисале на рози.
Ова чудо, како што го нарекоа, први го приметиле верниците во неделата во црквата Гвадалупе во Нов Мексико.
Пасторот на црквата истакна дека вниманието му го пренасочил еден верник, а потоа ги видел луѓето како ги бришат солзите на статуата на Дева Марија, но таа продолжувала да плаче.
„Тогаш видов дека таа навистина плаче. Мислам дека ова е потсетник да бидеме поблиски до Бога и да престанеме да бидеме насилни“, истакнал пасторот отец Жосе Пепе Сегура.
Верниците се сигурни дека присуствувале на чудо, а според нивните зборови, силзите мирисале на рози.
Во црквата имало верници од сите краеви на Њу Мексико за да го видат чудото.
Петер Мекдоналд истакна дека неговите пет деца отсуствувале од училиште за да ја видат Богородица како плаче.
„Неверојатен благослов е да се биде тука, и да се види ова чудо, ова е неверојатно“, истакна.
Солзите на Дева Марија се испратени на тестирање, а црквата била затворена четири дена додека надлежните да ги соберат примероците.
Тие исто така ја испитале статуата и сите сведоци и истажуваат како настанала. Овој процес би можел да трае со години.
Без оглед на тоа до какви податоци ќе дојдат надлежните, верниците веруваат во чудото.