Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Малискиот мигрант Мамудоу Гасама кој на црно престојувал во Париз, викендов со другарите сакал да гледа фудбал во едно од локалните кафулиња.
Кога отспротива здогледал како едно детенце виси од тераса и во секој момент може да падне, Мамудоу не се двоумел ни миг. Се качувал спрат по спрат како Спајдермен и на време го спасил детенцето од сигурна смрт.
Претседателот на Франција, Макрон, изјавил дека ќе му додели државјанство и работно место во противпожарна бригада доколку е заинтересиран за истото.