Вака изгледа букет од 52.000 долари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еден дарежлив Кинез својата девојка за роденден ја изненадил со букет направен од банкноти во вредност од 320 илјади јуани, односно 52. 300 долари.

Како што пишува „Чонгпинг Морнинг пост“ мажот направил огромен букет од банкноти во облик на срца, кои и ги подарил на девојката. Седум лица повеќе од 10 часа поминале во изработка на овој букет.

Иако неговата девојка многу се израдувала на подарокот, мажот би можел да биде казнет поради обвинение дека „нанел навреда“ на домашната валута, која според кинескиот закон мора да се чува.

Сепак, многу луѓе преку социјалните мрежи навеле дека ова е многу убав начин да се израдува девојката или саканата личност, додека некои веруваат дека можел да подготви многу поедноставен подарок.