Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголемиот трагичар на синоќешното финале од Лигата на шампионите беше голманот од Ливерпул, Лорис Кариус.
После загубениот финален дуел, Кариус плачеше, а го тешеа соиграчите и колегите од противничкиот тим на Реал Мадрид. Голманот им се извини на навивачите, а денес неговиот ноќен кошмар продолжи на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде почнаа на големо да го реметат и мезат.
Кариус пред неколку дена објави фотографија со опис „гледаме кон пехарот“, а илјадници навивачи му порачаа дека треба да гледа кон топката, а не кон пехарот. Во илјадниците коментари се приклучи и Миа Калифа која го тролаше голманот на Ливерпул со емотикони. Во мезето се придружи и Марио Балотели, кој на фотката од Кариус стави два пара очи.
LOL Mia Khalifa commented on Karius’s Instagram photo and Balotelli then @‘td her ahaha pic.twitter.com/NhkOX8op5O
— Barney (@BarneyTheDonut) May 27, 2018