„Роналдо го потпишавме пред автобус“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во колумна за весникот „Сан“, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд се присети на деновите кога беше купен Кристиано Роналдо.

„Црвените ѓаволи“ го купија Роналдо во 2003 година за 12,2 милиони фунти од Спортинг Лисабон, а трансферот бил договорен за време на мечот на овие два клуба.

„Го чекавме во автобусот извршниот директор Дејвид Гил како и Алекс Фергусон. Сите сакавме да Роналдо да дојде кај нас бидејќи беше фантастичен. Потпишаа со него пред да се качат во автобус, а тој пристига во Манчестер седум дена подоцна“, раскажува Фердинанд.

„Игравме пријателски меч во Лисабон во 2003 година, изгубивме 3:1. Тогаш Кристиано имаше само 18 години и беше јасно дека ќе биде голема ѕвезда. Веднаш на првиот тренинг знаевме кого донесовме. Имаше се, но посебно не импресионираше со работната етика. Остануваше после тренинг да вежба удари и беше прв играч што го запознав кој имаше свој кувар и доктор’, се присетува Фердинанд.

Роналдо на „Олд Трафорд“ се етаблираше во еден од најдобрите играчи на светот, а во 2009 година се пресели во Реал Мадрид.