Рома го договори „хрватскиот Меси“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома е блиску до комплетирање на трансферот на „бисерот“ на Динамо Загреб, Анте Чориќ.

После неколку месеци преговори двата клуба конечно се договорија, па недостасуваат само мали детали за Анте Чориќ и официјално да биде претставен како нов играч на „волчицата“.

Се очекува Чориќ со италијанскиот клуб да потпише 5-годишен договор, а финансиските детали од договорот се уште не се познати, како ни отштетата која ќе ја плати Рома.

„Чалчомеркато“ тврди дека Рома за Чориќ ќе издвои помеѓу 7 и 8 милони евра, плус додатни бонуси.

Чориќ важи за еден од најголемите таленти и во татковината веќе го нарекуваат „хрватскиот Меси“.