Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во последниот филм на Ларс фон Трир, кој на премиерата ја шокираше дел од публиката на Канскиот филмски фестивал, The House That Jack Built, се појавува и фитографија од колежот во Јасеновац.
Тоа го забележа директорот на Југословенската кинотека и уметнички директор на белградски FEST, Југослав Пантелиќ, кој во Кан присуствуваше на премиерата од најновото филмско остварување на фон Трир.
„Таа фотографија, како многу други кои ги илустрира нараторот додека говори за човечкото зло, се појавува на една секунда“, вели Пантелиќ. Станува збор за фотографија која на Википедија може да се најде во текстот за Геноцид и NDH, а носи наслов „Усташки стражари убиваат затвореници во логорот Јасеновац“.
Како Ларс фон Трир дошол на идеја да ја искористи баш таа фотографија не е познато, но се вклопува во неговото филмско дела преполно со насилство.
„Фотографијата буквално се појавува во блиц момент, поголем дел од неа не е ни препознатлива меѓу сите тие фотографии кои ја илустрираат војната и злото кое го носат воените конфликти. Меѓу тие фотографии најмногу има од Хитлер“, вели Пантелиќ кој во неформален разговор за српските медиуми филмот го оцени како лош.