ЛШ во ракомет: Вардар фаворит против Монпеље, најава и анализа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар и Монпеље ќе играат во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Келн. Вардар како бранител на трофејот во Лигата на Шампиони отпатува во Германија, додека Монпеље како најголемо изненадување сезонава. Се е на страната на Вардар и нашите очекувања се дека ќе го гледаме македонскиот тим во големото финале.

Вардар сака да го одбрани тронот

Вардар е бранител на трофејот и од таа преспектива како фаворит ќе влезе во дуелот со Монпеље. И не само од таа преспектива, туку и поради играчкиот кадар, но и поради други причини. Сите велат дека е потешко да се одбрани, отколкуда се освои за прв пат титулата, но за Вардар тоа како да не важи. Во групната фаза Вардар на некој начин се прошета и тоа во исклучително тешка група. Заврши на лидерската позиција пред Барселона, Нант, Рајн Некар Левен, Пит Сегет, Криштијанштад, Висла Плок и Загреб. Вардар забележа само два порази и тоа на гости од Барселона и Нант со еден гол негатива. Во елиминациите Вардар го елиминираше силниот германски бундеслигаш Кил и обезбеди полуфинале. Тоа доволно говори за силниот колектив на европскиот шампион.

Последна шанса за оваа генерација

Ова е последна прилика за оваа генерација во Вардар. Прилика која сите во еден глас велат дека не смее да се пропушти. По крајот на сезоната речиси половина тим ќе си замине и следната сезона Вардар ќе има сосема нов лик. Од тимот официјално си заминуваат Штербик, Циндриќ, Македа, Кањељас, Марсениќ, Абутовиќ, а можеби и уште некој ракометар. Сепак најголемиот удар ќе биде заминувањето на неверојатниот стратег, Раул Гонзалес. Затоа мотивите кај вардарци се уште поголеми, а мотивот на вакви натпревари значи многу.

Монпеље е најголемо изненадување сезонава

Монпеље во Келн допатува како најголемо изненадување сезонава. Тие во групната фаза беа рангирани во послабите групи и никој не очекуваше дека екипа од тие групи ќе дојде до фајнл-фор турнирот. Сепак, Монпеље сосем заслужено се најде во оваа фаза. Завршија како први во својата група во која беше и Металург. Потоа го елиминираа Адемар Леон кого два пати го победија, па следеше сензацијата на сезоната и елиминацијата на големата Барселона. Во последната рунда пред полуфиналето на убелив начин славеа над Фленсбург дома и одиграа нерешено на гости и обезбедија полуфинале.

РК Монпеље

Францускиот тим е одличен колектив

Монпеље има одличен тим. Францускиот репрезентативен голман Жерард е на голот, а вечниот Гигу е стандарден на крилните позиции. Тунижанецот Тоуми е а другото крило па затоа крилните позиции им се одлино покриени. Освен овие двајца по потреба на крило играат Потре и се подобриот Кавтичник. Пивотменската позиција е најсилната алка во тимот. Како да биде поинаку кога Монпеље го има еден од најпреспективните и најквалитетни пивоти во Европа, Фабрегас. Симонет е среден бек, а на бековските позиции се уште и најдобриот литвански ракометар Тручновициус, Гребил, Бенофонд, Мелвун и Ричардсон кој игра во неверојатна форма.

Целосниот текст прочитајте го на специјалираниот портал kladenje.mk