Милан ја чека казната од УЕФА – ова се можните сценарија!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челниците на УЕФА вчера утврдија дека италијанскиот гигант Милан не влегува во параметрите на Финансиски фер-плеј, па ќе следуваат санкции.

УЕФА преку официјално соопштение потврди дека не го прифаќа планот за финансиско работење на клубот, па во јуни ќе заседава дисциплинска комисија која ќе ја одреди казната за „росонерите“.

Каква казна може да добие Милан?

Најжестоката казна која УЕФА може да му ја одреди на миланскиот гигнат е да го исфрли од европските натпреварувања, односно од Лига Европа во која Милан се пласираше преку Серија А.

Меѓутоа, поголем дел од италијанските медиуми се сомневаат дека тоа може да се случи, бидејќи УЕФА таква казна доделува само во најригорозни случаеви.

Втората казна е лимитирање на новите засилувања. УЕФА неможе целосно да го блокира трансфер пазарот (таква одлука може да донесе само ФИФА), но може да стави забрана новите засилувања да бидат регистрирани за Лига Европа, притоа да им стави лимит да можат да пријават само 21 фудбалер, а не 25 како што е нормално.

И третата казна е парична, медиумите во Италија тврдат дека УЕФА може да им изрече парична казна на „росонерите“ од 20 милиони евра.

Раководството и навивачите на Милан се во исчекување на казната, а од клубот прокоментираа дека се разочарани и дека ова за нив претставува сериозен удар на угледот.